Министерот за здравство во Јордан поднесе оставка по смртта на пациенти

Роднини на починатите се собираат пред болницата во Салт, Јордан

Министерот за здравство на Јордан Натхир Обеидат поднел оставка откако најмалку шест пациенти починале на одделот за борба против коронавирус во болница поради недостаток на кислород, пренесуваат државните медиуми.

Јорданскиот премиер Бишер Ал-Касавена нареди истрага за смртта на пациентите во ковид болницата во градот Салт, 20 километри северно од Аман и побара од Обеидат да си даде оставка. Повикувајќи се на извор од владата на Јордан, весникот Ал Раи објави дека Обеидат поднел оставка, објави АП.

Според претходните извештаи, полициски службеници биле распоредени за да ги приведат лутите роднини на починатиот кои се собрале на влезот во болничкиот комплекс. Изворите велат дека не е познато што довело до недостаток на кислород во одделот за интензивна нега, во породилното одделение и во одделот за третман на пациенти заразени со коронавирусот.

Повеќе од 465 000 случаи на зарзени со коронавирус се регистрирани во Јордан за време на пандемијата, а повеќе од 5200 се починати, анализираат медиумите. ЕУ издвои осум милиони евра за да му помогне на Јордан во набавката на вакцините.