Во периодот на забраната за движење од 22 часот вчера до 5 часот утрово, констатирано е дека 29 лица не ја почитувале забраната за движење, информираат од МВР. Од нив, 18 лица биле затекнати на територија на Скопје.
Од МВР додаваат и дека во текот на изминатото деноноќие, за мерката за носење на заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани биле 544 прекршоци.
Од вечер почнува полицискиот час, мерка против ширењето на ковид-19
Ресорното министерство апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.