Зголемена бројката на приеми во ковид-центрите

илустрација

Според податоците на Министерството за здравство, во ковид-центрите на територијата на целата држава се лекуваат 937 пациенти со Ковид-19, при што до вчера имало околу 260 празни болнички кревети. Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот биле регистрирани 868 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на инфицирани од почетокот на епидемијата намина 111 илјади, оздравеле 355 пациенти, а починале 15 лица.

Со вчера регистрираните новозаболени, бројката на активни случаи во земјава достигна 10.872. Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19, вкупната бројка на инфицирани со коронавирусот од почетокот на епидемијата достигна 111.077, на оздравени пациенти 96.925, а на починати 3.280.

Во Македонија 868 нови ковид случаи и 15 починати

Министерството за здравство посочи дека бројот на приеми во ковид-центрите во изминативе денови е зголемен, поради што е отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.