Пендаровски: КОВАКС механизмот потфрли, до вакцини тешко се доаѓа

Стево Пендаровски

„КОВАКС механизмот за жал, затоа што е веројатно гломазен и затоа што има околу 180 земји партиципиенти, потфрли. Со европскиот солидарен фонд се случи истата работа. Да не се сфати како оправдување за нашите власти, не постои европска држава во моментов, ниту една членка на Европската унија, каде што граѓаните се доминантно задоволни од тоа како тече процесот на вакцинација“, истакна во интервју на ТВ21 претседателот Стево Пендаровски. Тој оцени дека на малите држави оваа криза се скрши најмногу, бидејќи богатите многу побрзо и многу полесно дојдоа до вакцина.

Филипче - Нема ништо незаконско, Антикорупциска почнува постапка

Во однос на текстовите и документите што ги објави „Ла верита“, претседателот посочи дека неговата координација со премиерот, надлежните министри, но и со оние за европски прашања или за надворешни работи, кои имаат комуникација со надворешни субјекти или меѓународни субјекти во делот на „дај да помогнеме да најдеме вакцини“ во изминативе два до три месеци, се сведува само на координација на кој каде може и каква информација добил од некаде, од странски држави, меѓутоа не и во делот на конкретната документација која е праќана и до кого е праќана.