Македонија го победи светскиот ракометен шампион Данска со 33:29

Илустрација - Капитенот и селектор, Кирил Лазаров

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го совлада актуелниот светски шампион Данска, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2022. Предводени од новиот селектор, Кирил Лазаров, македонските ракометари во Скопје победија со 33:29, по што се на првото место на табелата со три победи од три натпревари.

Селекторот, а во исто време и капитен, Лазаров имаше успешно деби на новата функција во репрезентацијата, а повратникот Филип Миркуловски, потсети на игрите од големите ракометни победи на претходните првенства.

Најефикасни во македонската репрезентација беа голманот Никола Митревски со 13 одбрани, Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Кузмановски со по пет гола, Лазаров со 4 гола и Миркуловски со три гола.
Кај Данците најефикасен беше Микел Хансен кој постигна 11 гола.

Реваншот се игра в недела во 16 часот во Аалборг, Данска.