Пентагон го продолжи распоредувањето на националната гарда околу Капитол

Националната гарда во Вашингтон ќе го штити американскиот Капитол уште два месеца.

Пентагон ќе задржи околу 2.300 војници на Националната гарда во Вашингтон за да го штити американскиот Капитол уште два месеца. Секретарот за одбрана Лојд Остин го одобри барањето од полицијата во Капитол за продолжување на распоредувањето на трупите до 23 мај „по детално разгледување на барањето“, соопшти Пентагон на 9 март. Оваа бројка е околу половина од 5.200 војници на Националната гарда кои моментално се наоѓаат во Вашингтон за да го штитат Капитол.

Во САД откриен можен заговор за денешен напад врз Капитол

Пентагон соопшти дека ќе работи со полицијата на Капитол во следните недели за „постепено намалување на бројот на припадници на Националната гарда, како што дозволуваат условите“. Од упадот на 6 јануари приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп во Конгресот на САД, трупите на Националната гарда се распоредени на територијата на Капитол и е подигната ограда за да се создаде безбедносен периметар.