Од лидери до хакери
САД - Жените во лидерство: Постигнување еднаква иднина во светот со ковид-19 беше темата на годинашното одбележување темата за Меѓународниот ден на жената, 8 март поставена од Обединетите нации.
МАКЕДОНИЈА - Неколку стотини луѓе денеска излегоа на протестниот Марш за женски права кој годинава се одржа под слоганот Држава што не постапува е држава што силува. Маршот почна пред Министерството за внатрешни работи, а заврши во паркот Жена борец спроти Собранието.
САД - Американскиот врховен суд денеска ја отфрли последната претставка поднесена од поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговите поддржувачи за изборите што се одржаа лани во ноември. Судот ја отфрли жалбата без да даде коментар.
ГРЦИЈА - Комисијата за имунизација во Министерството за здравство на Грција даде зелено светло, вакцината на АстраЗенека да се користи за целото население, односно и за лицата над 65-годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина.
ЕУ - Европскиот банкарски регулатор денеска соопшти дека нивните сервери за електронска пошта се погодени од глобалниот напад врз Мајкрософт, за кој американската компанија обвини кинеска група.
МАКЕДОНИЈА - По објавата на предлогот од Комисијата за заразни болести за воведување полициски час поради зголемениот борј нови случаи на ковид-19, министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека тоа е потребен чекор, бидејќи последните десетина дена има зголемување на инциденцата, собири на јавни места по 22 часот, како и за да се намали притисокот врз болниците.
МАКЕДОНИЈА - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Италија, имал средба со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Луиџи ди Мајо, на која биле разгледани можностите за продлабочување на политичките и економските односи, вкупната билатерална соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).
ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА - Најмалку 15 лица загинаа, а околу 500 беа повредени во серијата експлозии во Екваторијална Гвинеја што се случија во неделата во близина на воената касарна во главниот град Бата. Експлозиите биле предизвикани од небрежност при складирање на динамит во касарната, изјави претседателот Теодоро Обианг Нгуема, пренесува Би-Би-Си.
МАКЕДОНИЈА - Во Кривичниот суд во Скопје, со сослушување на обвинетите Ивица Анчевски и Петар Милошевски, денеска продолжи судењето за случајот Тортура, кое се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тие рекоа дека Бошкоски испровоцирал.
САД - Во услови на ковид пандемија, десет милиони деца може да стапат во брак до 2030 година, предупреди денеска УНИЦЕФ, од каде додаваат дека уште стотина милиони девојчиња може да бидат принудени на брак до крајот на деценијата.
ЕУ - Висок официјален претставник на Европската агенција за лекови (ЕМА) ги предупреди членките на Европската унија да се воздржат од давање на национално одобрување за руската вакцина Спутник V против ковид-19 сè додека Агенцијата не заврши со прегледот на нејзината безбедност.