Израелскиот парламент одобри давање податоци за невакцинирани граѓани

Израелскиот парламент, Кнесетот

Израелскиот парламент, Кнесетот, усвои контроверзен закон што му овозможува на Министерството за здравство да им обезбеди на локалните власти информации за жители кои сè уште не биле вакцинирани против коронавирус. Врз основа на тој закон во период од три месеци, Министерството за здравство ќе може да им обезбеди на локалните власти и Министерството за образование лични информации, како и информации за тоа како може да се контактираат граѓаните за да се промовира имунизацијата.

Ефикасноста на вакцината на Фајзер во Израел е 95 проценти

Ова ќе вклучува податоци за оние кои ја примиле првата доза на вакцина, но не одговориле на повикот да ја примат втората три недели подоцна, како и за оние кои воопшто не биле вакцинирани. Законот наведува дека информациите можат да се користат само за поттикнување на вакцинацијата, а употребата за сите други намени е забранета. Противник на законот од левичарската партија Мерец, Тамар Зандберг изјави дека податоците сепак може да паднат во погрешни раце.