Британскиот премиер Борис Џонсон треба да претседава со денешниот виртуелен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации на кој ќе бидат разгледани врските помеѓу климатските промени и конфликтите и мерките за превенција. Имено, Британија го одржува месечното ротирачко претседателство со Советот за февруари. „Ние сакаме да ги разгледаме особено заканите што климата ги предизвикува врз мирот и безбедноста. Значи, ние сакаме да ги истражиме овие видови врски и да разгледаме начини за спречување на ризиците по мирот и безбедноста“, рече амбасадорката Британија во ОН Барбара Вудворд.
Бил Гејтс ќе вложи 2 милијарди во борба против климатските промени
Советот за безбедност е задолжен за одржување на меѓународниот мир и безбедност. Во 2011 година, Советот усвои изјава во која изразува загриженост „дека можните негативни ефекти од климатските промени можат, на долг рок, да ги влошат одредени постојните закани по меѓународниот мир и безбедност“.