САД имаат скоро 500.000 смртни случаи од коронавирусот

Оваа слика од електронски микроскоп покажува вид на коронавирус што предизвикува ковид-19, изолиран од пациент во САД.

Соединетите држави се приближуваат до бројката од 500.000 смртни случаи од коронавирусот, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс, прецизирајќи дека досега од овој вирус починале околу 498 000 луѓе. Имунологот Ентони Фаучи рече дека бројот на 500.000 луѓе е скоро 70.000 повеќе од американските жртви во Втората светска војна. Соединетите држави го надминаа прагот од 400.000 смртни случаи од коронавирус во јануари пред инаугурацијата на претседателот Џо Бајден.

Долги редици за вакцинирање во Бугарија

Глобалниот биланс на жртви се приближува до 2,5 милиони, иако се верува дека реалниот број е значително поголем. И покрај новите вакцини, здравствените власти предупредуваат дека пандемијата е далеку од завршена. Особено загрижувачки се новите варијанти на вирусот кои брзо се шират. Во Германија, делумното заклучување од ноември помогна да се намалат случаите во последните неколку недели. Но, сега се страхува од нов бран, бидејќи 10 од 16 германски држави од денеска ги отвораат училиштата.