Нови 254 случаи на ковид-19 и 16 починати

Вакцинација против ковид-19 во Скопје.

Во последните 24 часа се регистрирани 254 нови случаи на ковид-19 од направени 2.160 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 111 нови случаи на ковид-19, во Прилеп 29, Кавадарци 20, Охрид 13, Неготино 10, Битола 9, Гостивар 7,-Куманово и Велес по 6, Тетово и Гевгелија по 5, Штип, Струмица, Струга и Ресен по 4
Кочани, Делчево и Виница по 3, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево, Богданци по 1 нов случај на ковид-19.

Починати се 16 лица, 5 пациенти од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г), 3 пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), 2 пациенти од Скопје (78г, 62г) и по еден пациент од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 151 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.