Петмина загинати во поплави во Џакарта

Архивска фотографија: Поплави во Џакарта

Пет луѓе, од кои четири деца, настрадаа во големите поплави кои зафатија делови од главниот град на Индонезија, Џакарта, соопштија денеска властите.

Поројните дождови што викендов ја зафатија Џакарта поплави десетици патишта, а стотици луѓе побараа спас во засолништа.

Маж на 67-годишна возраст е пронајден мртов откако надојдената вода го заробила во неговата куќа, а водата однела три момчиња и едно девојче, изјавил директорот на агенцијата за спречување катастрофи за Франс прес.

Индонезиската метеоролошка агенција минатата недела предупреди од ризик од силни дождови. За време на дождовната сезона во Џакарта редовно има поплави.

Околу 1700 луѓе и понатаму се во засолништа, иако многумина почнаа да се враќаат во своите домови.