Српските цариници денеска на граничниот премин Прешево откриле 12 мигранти во камион со мандарини и портокали, кој во земјата влегол од Македонија.
Мигрантите биле пронајдени во камион со српски регистарски ознаки, а возачот им рекол на цариниците дека чул врева од товарниот дел на камионот. Пронајдени биле 12 млади лица без документи, кои рекле дека се државјани на Сирија.
Оваа година на граничните премини во товари со стоки биле откриени вкупно 139 илегални мигранти, наведува српската царина.