Бајден вели дека Косово има „посебно место“ во неговото семејство

Сообраќаен знак на Националниот пат во источно Косово со името покојниот син на Џо Бајден, Бо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Косово има „посебно место“ во неговото семејство поради времето што неговиот покоен син Бо го помина во оваа балканска земја, каде што помогна да се зајакне владеењето на правото. Бајден ова го изјави во писмото испратено до вршителот на должноста претседател Вјоса Османи по повод денот на независноста на Косово. Османи ја објави содржината на писмото на 16 февруари.

Бајден: САД ќе поддржат постигнување на траен договор со Косово


Бо Бајден работел во Косово по војната во периодот 1998-1999 година со воените сили и исто така со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Бајден го посети Косово во 2016 година на неговото последно патување во регионот како потпретседател за да присуствува со своето семејство на церемонијата на именувањето на патот во близина на американската воена база по неговиот син кој почина една година порано од рак на мозок на 46-годишна возраст. Во писмото, Бајден рече дека Соединетите држави се подготвени да работат со новата влада на Косово на патот кон европската интеграција.