Владата го усвои извештајот за Охридскиот регион

Охрид - поглед на Срариот град. Архивска фотографија.

Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство. Владата, како што се наведува во соопштението, ја задолжила надлежната комисија да го испрати извештајот до Центарот за светско наследство на УНЕСКО, најдоцна до 25 февруари 2021 година.

На предлог на Министерството за здравство, Владата на седницата ја разгледа и усвои и Информација со Предлог-барање за автентично толкување на членот 49 став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до Собранието.