Терористи на ПКК одговорни за смртта на турските заложници во Ирак

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „терористите“ на Работничката партија на Курдистан (ПКК) се одговорни за смртта на 13 турски заложници во Ирак. „Државниот секретар на САД изрази сочувство за смртта на турските заложници во северен Ирак и потврди дека терористите на ПКК се одговорни за тоа“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Нед Прајс. Тој додаде дека Бликен вчера разговарал со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Во Турција уапсени 718 курдски активисти

Турските власти ја осудија претходната реакција на американските власти што не го поддржаа експлицитно обвинувањето на Турција против ПКК. Турција ја обвини ПКК за убиство на Турци. ПКК, која е обележана како терористичка организација во Турција, ја потврди смртта на група затвореници, но ја отфрли верзијата на Анкара. Курдските сили тврдат дека затворениците биле убиени во турските воздушни напади.