Кинеските вакцини треда да дојдат до крајот на месецов, изјави Заев

Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денес најави дека кинеските вакцини треба да пристигне најдоцна до крајот на февруари и дека преговорите се во постапка на договарање и регулирање. Македонија треба да добие 200 илјади дози од кинескиот производител Синофарм, а се чекаат и вакцините преку системот Ковакс.

„Министерството за здравство континуирано информира. Нормално секој ден порано е важен за нас. Очекувањата се од крајот на оваа недела до крајот на следната недела. Во однос на донацијата од Србија, во тековниот период ќе се дореализираат и останатите вкупно 8000 вакцини“, рече Заев.

Вчера во Македонија пристигна првата пратка вакцини од производителот Фајзер, кои Србија ѝ ги отстапи на Македонија. Со нив најпрвин ќе се вакцинира медицинскиот персонал од првите линии во борбата со ковид-19.