Кирил Лазаров е нов селектор на машката ракометна репрезентација

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров

Претседателот на Ракомететната федерација на Македонија Живко Мукаетов денеска информираше дека на седницата на Управниот одбор на федерацијата одржана вчера едногласно било усвоено назначување на ракометарот Кирил Лазаров за селектор-тренер на сениорската машка ракометна репрезентација.

Лазаров на денешната прес конференција се заблагодари на доверената поддршка од ракометната федерација и информираше дека во периодот кој претстои ќе бидат објавени и соработниците и членовите на новиот стручен штаб.

„Со претседателот Мукаетов заклучивме дека јас би бил активен и како играч и во следната година како поддршка за оваа подмладена репрезентација бидејќи во тој период пред нас се големи битки во кои треба да одговориме квалитетно. Имаме стратегија според која треба да го одржиме континуитетот на големите натпреварувања. За да го одржиме тој континуитет потребна е таа моја помош”, рече Лазаров.