Атина во строг карантин

Здравствен работник зема брис од маж за брз тест во Атина, Грција, 18 декември 2020 година

Целосно затворање на бизнисите и услугите што претходно беа отворени, како што се продавниците, фризерските и козметичките слони, берберниците, но и затворање на училиштата и градинките, полициски час од 21 часот од понеделник до петок и од 18 часот за време на викендите, движење само по претходно испратена смс порака, задолжителна употреба на маска, се дел од мерките што од денеска стапуваат во сила во областа Атика. Поширокиот регион на Атина влегува во строг карантин до 28 февруари, што е речиси идентичен на првиот, во март минатата година.

Нови мерки за влез во Грција - И негативен ПЦР тест и карантин

Отворени ќе бидат само супермаркетите, продавниците за храна, аптеките, продавниците за домашни миленичиња, бензинските станици, центрите за техничка контрола на возила, како и сервисите за возила. Учениците во Атина, како од основните, така и од средните училишта од утре почнуваат со онлајн настава, а затворени ќе бидат и градинките. Во државниот сектор за 50 отсто од вработените, задолжителна е работа од дома, додека пак за приватиот сектор, задолжителна е работата од дома за колку е можно повеќе вработени. Јавниот превоз во Атина ќе функционира со 65 отсто од капацитетот, а бродовите со 50 или 55 проценти во зависност од видот.