Почнува пријавувањето за вакцинирање против ковид-19

граѓаните ќе може да се пријават за вакцинација против ковид-19

Од денеска ќе биде отворен интернет сајтот преку кој граѓаните ќе може да се пријават за вакцинација против ковид-19, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче. „Ќе може да се пријави буквално секој за вакцинација, а системот автоматски ќе ги генерира приоритетните“, рече Филипче и додаде дека дневниот капацитет за вакцинирање е 880 лица во сите седум поликлиники што се под Здравствен дом во Скопје, а дополнителни 500 ќе бидат во пунктот кај Клиничниот центар во Скопје.

Потпишан договорот за кинеските вакцини, деталите доверливи

Во другите градови низ Македонија вакцинирањето ќе се спроведува во вакциналните пунктови според праксата за вакцинирање од сезонски грип. Засега се пријавени 4.000 здравствени работници од кои околу 2.000 се во Скопје, а другите се од градовите низ земјава. Филипче завчера го потпиша договорот за 200 илјади кинески вакцини со кои ќе почне вакцинирањето во Македонија, најaви нивно скоро пристигнување во земјата, а ни денеска не кажа прецизен датум кога ќе почне имунизацијата. Во меѓувреме се чекаат вакцините преку КОВАКС системот, а се чека одговор и од производителот Фајзер.