Група на ЕУ предлага политики кон Лукашенко, вклучително и санкции

Белорускиот претседател Александар Лукашенко присуствува на состанок со највисоките претставници во Минск, 26 јануари 2021 година

Група држави на Европската унија присутни во Белорусија, заедно со делегацијата на Унијата во Минск, ќе и препорача неколку патишта на ЕУ, вклучувајќи го и проширувањето на опсегот на санкции против Александар Лукашенко за фалсификување на изборите минатата година, а потоа и за насилно сузбивање на демонстрантите кои бараат тој да се повлече. Во препораките што РСЕ ги имаше на увид, групата ја проценува моменталната политичка состојба во земјата и дава предлози за опциите за политиките, вклучително и санкциите. За трудот, со наслов „Извештај за шефовите на мисии на ЕУ: Преглед на февруари 2021 година на рестриктивните мерки на ЕУ против Белорусија“, треба да се дискутира во Брисел во следните недели. Не е загарантирано дека сите препораки ќе бидат земени во предвид.

Белоруската опозиција бара меѓународна поддршка за Денот на солидарноста

Се наведуваат четири различни патишта што Брисел може да ги изоди кога станува збор за неговиот источен сосед: „Чекај и види“, „Прагматична еквидистанца“, „Решително обезвреднување на односите“ и „Приближно целосно замрзнување на односите“. ЕУ веќе оцени дека претседателските избори на 9 август биле „ниту слободни ниту фер“, наведувајќи дека Лукашенко „нема никаков демократски легитимитет“. Во пресрет на задушувањето на демонстрантите што уследија по гласањето, според кое најголемиот дел од белоруската опозиција се исели во егзил, ЕУ воведе визни забрани и замрзнување на средствата на 88 физички лица и седум ентитети, вклучувајќи ги Лукашенка и неговиот син во три одделни рунда санкции на крајот на 2020 година.