ММФ побара богатите земји да им помогнат на посиромашните

Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева

Кристалина Георгиева, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ги повика развиените економии да обезбедат поголема помош за земјите со ниски приходи. Таа предупреди на појавата на „голема дивергенција“ во глобалниот раст, што може да ја загрози стабилноста и да предизвика социјални немири во следните години, пренесе „Ројтерс“.

Георгиева рече дека 50 проценти од земјите во развој се изложени на ризик од понатамошно заостанување, што предизвикува загриженост за нивната стабилност и потенцијални социјални немири.

„Со цел да се избегнат поголеми проблеми, потребно е богатите земји и меѓународните институции да инвестираат повеќе“, рече Георгиева.

Таа ги повика високозадолжените земји да не чекаат со преструктуирање на долгот, посочувајќи дека е подобро да се стори тоа порано отколку подоцна и да се подобрат условите за раст.