Белоруската опозиција бара меѓународна поддршка за Денот на солидарноста

Белорускиот лидер на опозицијата Свјатлана Циханускаја

Белорускиот лидер на опозицијата Свјатлана Циханускаја го одреди 7 февруари за Ден на солидарност со Белорусија, повикувајќи ги меѓународните лидери, активисти, новинари и сите пријатели на оваа земја да ги поддржат демонстрантите кои бараа оставка на Александар Лукашенка и нови избори.

Циханускаја кажа дека по „лажните“ претседателски избори на 9 август, „Белорусите побараа демократија и слобода, останувајќи упорни и храбри и покрај беззаконието на режимот“. Таа им предложи на луѓето да ја покажат својата солидарност со демонстрантите секојдневно во Белорусија „и да им се заблагодарат за нивната храброст и силна волја“. Таа препорача одржување митинзи, објавување поддршка на социјалните мрежи, пишување писма до политичките затвореници и осветлување на фасадите на зградите во црвено-бело - боите на белоруското опозициско движење.

Европскиот парламент ќе и ја додели наградата Сахаров на белоруската опозиција

Соединетите држави и Европската унија на 5 февруари соопштија дека го поддржуваат Денот на солидарноста и ги поздравуваат демонстрантите. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека Соединетите држави продолжуваат да „се воодушевени од исклучителната сила, еластичност и храброст на белорускиот народ пред непопустлива репресија“ Европската унија издаде слично соопштение во кое се вели дека „многу илјадници“ се приведени во Белорусија и посочува на „стотици документирани случаи на тортура“.