„Нови идеи за НАТО 2030“ - младински собир

илустрација

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе земе учество на средбата на студенти и млади лидери за нивните идеи и визија, како дел од настанот „Нови идеи за НАТО 2030“, организиран од НАТО и Четам Хаус. Притоа Столтенберг ќе се осврне врз препораките презентирани од страна на младите лидери за НАТО.

Состанок на ЕУ и НАТО за новата администрација на САД

Оваа група од 14 млади професионалци беше замолена од Столтенберг да развие нови идеи за улогата на НАТО во повеќе области, вклучувајќи ги новите технологии, климатските промени и одбраната на демократските вредности. Исто така е најавено дека универзитетски тимови од цела Алијанса ќе ги изнесат своите идеи за политиките на НАТО.