Собранието ќе расправа за интерпелацијата на Димитров

Никола Димитров

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе расправа за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања поднесена од опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Ова било договорено на координативна седница на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери што се одржа во понеделникот. На координацијата биле договорени активностите на Собранието во текот на неделава. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, покрај интерпелацијата за вицепремиерот Никола Димитров најави и интерпелации за вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и за министерот за правда Бојан Маричиќ.

Димитров - Договорот со Фронтекс не е потпишан поради резервите на Бугарија за „македонски јазик“

За двете интерпелации деновиве информираше поранешната кандидатка за претседател на државата и актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска - Давкова, која, како што рече, ги посочува „овие две личности како најодговорни за корупцискиот жив песок во кој што тонеме, како веројатно најкорумпираната европска држава и една од најкорумпираните во светот“.