Дер Лајен: Астразенека ќе испорача уште 9 милиони дози вакцини

Астразенека ќе испорача 9 милиони дополнителни дози на вакцини против ковид-19 во првиот квартал

Претседателката на Европската комисијата Урсула фон дер Лајен изјави дека Астразенека ќе испорача 9 милиони дополнителни дози на вакцини против ковид-19 во првиот квартал, или уште 40 милиони дози. Астразенека ќе започне со испораки една недела порано од предвиденото, објави фон дер Лајен на Твитер, додавајќи дека „компанијата исто така ќе ги прошири своите производни капацитети во Европа“.

Германија се закани со тужби поради доцнење на анти-ковид вакцините

Европската агенција за лекови деновиве ја одобри употребата на вакцината против ковид-19, изработена од британско-шведска компанија АстраЗенека во соработка со Универзитетот Оксфорд. Дозволата се однесува на употреба кај населението постаро од 18 години, а по одобрувањето на Агенцијата, употребата на вакцината во Европската унија треба да биде потврдена од Европската комисија.