Почнаа протестите за ослободување на Навални, десетици приведени

Полициски службеник приведува учесник во неовластен митинг за поддршка на рускиот опозициски активист Алексиј Навални на московскиот плоштад Пушкинскаја на 23 јануари.

Десетици демонстранти се наводно приведени откако Русите на 31 јануари излегоа на улиците на протестите кои се одржуваат на национално ниво втор викенд по ред. Тие бараат да биде ослободен од затвор критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, во услови на голема акција против неговите приврзаници.

Демонстрантите на Далечниот Исток и Сибир ги започнаа протестите кои се очекуваат во целата земја и покрај ниските температури и силното присуство на полицијата.

ОВД-Инфо објави повеќе од 260 апсења на почетокот на настаните и повеќе од 95 во градот Владивосток на Далечниот Исток, како и неколку новинари во други градови.

Независното тело за мониторинг исто така извести дека активисти во повеќе градови низ Русија биле посетени од полицијата пред планираните антивладини демонстрации.

Руските власти се подготвуваа за големи протести на национално ниво, а полицијата издаде предупредувања дека учесниците на „нелегалните“ митинзи ќе се соочат со кривични пријави закршење на здравствените ограничувања поради епидемијата на коронавирусот.

Тимот на Навални планира протести во 142 градови низ 11-те временски зони на земјата. Најголемиот во Москва е закажан за напладне по локално време.

Демонстрантите во главниот град беа повикани да се соберат пред седиштето на Федералната служба за безбедност (ФСб) и во близина на претседателската администрација.

Московската полиција соопшти дека ќе затвори голем дел од централниот дел на градот, вклучително седум метро станици. Повиците за ослободување на Навални одекнуваа од улиците на Русија до западните престолнини, а ЕУ, САД и други земји бараат тој да биде ослободен.