Турција и Русија го набљудуваат примирјето во Нагорно-Карабах

Локација на Нагорно-Карабах.

Заедничкиот турско-руски центар за набљудување на прекинот на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан за регионот Нагорно-Карабах, започаа со операции по церемонијата за отоврањето на 30 јануари, во присуство на високи одбранбени претставници.

Азербејџанскиот министер за одбрана Захир Хасанов и замениците министри за одбрана на регионалните сили Турција и Русија, беа присутни за да ја започнат работата на центарот, во регионот Агдам, според азербејџанската државна новинска агенција „Азертац.“

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар на 29 јануари објави дека еден турски генерал и 38 офицери ќе бидат стационирани во центарот.

Турските официјални претставници веќе соопштија дека набљудувачкиот центар ќе биде лоциран во Агдам, кој беше заземен од етничките ерменски сили кои го окупираа со децении. Мониторингот на прекинит на огнот ќе биде помогнат со беспилотни летала.

„Нашите активности ќе се интензивираат со работата на овој заеднички турско-руски центар и ќе ја исполниме нашата должност да ги браниме правата на нашите браќа Азербејџанци“, рече Акар во соопштение објавено на интернет страницата на Министерството за одбрана.

Турција и Русија се согласија со формираат заеднички набљудувачки центар, откако Москва во ноември склучи договор за прекин на огнот со кој беше ставен крај на борбите меѓу Ерменија и Азербејџан за отцепениот регион Нагорно-Карабах. Турција беше главен поддржувач на Азербејџан во конфликтот.

Според договорот за прекин на огнот, дел од азербејџанската територија на Нагорно-Карабах и сите седум области околу него беа ставени под азербејџанска администрација по скоро 30 години под контрола на етничките Ерменци.

Околу 2.000 руски мировници исто така се распоредени долж областите на фронтот за да ја заштитат копнената врска што го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија.