Вучиќ: разгледуваме задолжителен воен рок во Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, изјави денеска дека прашањето за задолжителна воена служба е покренато и дека ќе биде широко дискутирано во јавноста. „Постојат добри и лоши страни. Некои од лошите се дека објектите и храната ќе чинат над 70 милиони евра годишно“, рече Вучиќ, по презентирањето на резултатите од српската армија, додавајќи дека трошоците се поголеми ако на тоа се додадат приходите за војниците.

Вучиќ - Се обидуваме да купиме ловци-бомбардери

Според него, „добрата страна е што некои гарнизонски места што се празни ќе бидат исполнети и животот ќе се врати на некои помали општини“, но без оглед на одлуката, единиците на некои места ќе бидат пополнети брзо. Тој изјави дека имало проблеми со исполнетоста, но дека нема да ги каже податоците бидејќи тие се воена тајна, додавајќи дека повеќе не е проблем со заминувањето на професионалните војници како порано.