Времето денеска: променливо облачно

Ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер. Дневната температура ќе биде од 1 до 11 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 7 степени.