СЗО соопшти дека тим предводен од Светската здравствена организација кој го истражува потеклото на пандемијата на ковид- 19 утре ќе се состане со кинески научници и планира да ги посети лабораториите, пазарите и болниците во Вухан.
Тимот денеска го напушти карантинот во Вухан за да започне со теренска работа во мисија за утврдување на факти, две недели по пристигнувањето во кинескиот град каде што се појави вирусот кон крајот на 2019 година. Тимот на независни експерти исто така ќе разговара со некои од првите пациенти заболени со ковид- 19.
„Сите хипотези се на маса, бидејќи тимот ја следи науката во нивната работа. Тие треба да добијат поддршка, пристап и податоците што им се потребни“, се наведува во соопштението на СЗО.
Кинеското Министерството за надворешни работи соопшти дека експертите ќе разговараат, ќе спроведат посети и инспекции во Кина за да извршат размена и соработка за откривање на вируси.