Спасовски: Групата „Јавна соба “ е затворена

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук соопшти дека од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика го информирале дека групата „Јавна соба“ е затворена.

„Го поздравувам ваквиот чекор на платформата Телеграм и порачувам дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети бидејќи ние целосно ги документираме случаите. Истовремено, апелирам за внимателност бидејќи на платформата Телеграм има и друга слична група и ние соодветно ќе постапиме и за членовите на оваа група“, напиша Спасовски.

Спасовски порача дека сите што го кршат законот соодветно ќе одговараат. Тој претходно информираше и дека 4 лица се приведени во врска со групата на Телеграм каде се споделувале експлицитни фотографии.