Во последните 24 часа се регистрирани нови 336 случаи на ковид-19, од направени 1964 тестирања. Оздравени се вкупно 385 пациенти, а починале десет лица.
Битката со ковид- 19 ја загубиле пет пациенти од Скопје, по еден од Кавадарци, Гостивар, Кочани, Охрид и Прилеп. Сите пациенти се починати во болнички услови, а најмладиот бил на 49 годишна возраст, додека пак најстариот на 86 годишна возраст.
Досега во земјата се направени вкупно 449.995 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91891, бројката на оздравени пациенти е 80393, на починати е 2831, а бројот на активни случаи изнесува 8667.