Општина Вевчани го осуди палењето на бугарското знаме

Илустрација

Градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски денеска најостро го осуди чинот на палење на знамето на Бугарија за време на Вевчанскиот карневал. Тој порча дека чинот не соодејствува со ставот на општината и најголемиот процент на нејзиното население.

„Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимена со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции“, истакна Јанкоски.

Тој порача и дека таквиот чин на изразување револт е недопустлив.
„Се надеваме дека овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи“, посочува Јанкоски.

На традиционалното палење василичарски маски, вчера во Вевчани беше запалено и знамето на Бугарија.