Во изминатоводеноноќие се евиденитирани 477 нови позитивни случаи на коронавирусот од вкупно 2543 направени тестови. Најмногу новозаболени се евидентирани во Скопје -221, потоа во Куманово 27, во Прилеп 24 и Кавадарци и Струмица по 20.
Починати се 10 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83г), еден од Прилеп (77г), еден од Тетово (50г), еден од Струмица (88г), еден од Битола (61г), еден од Гостивар (80г), еден од Гевгелија (60г) и еден пациент од Пробиштип (66г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти од:
Досега во земјата се направени вкупно 423.696 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238.