Полицијата спречи одржување на Вевчанскиот карневал

Архивска фотографија од Вевчанскиот карневал 2020

Жителите на Вевчани денеска, и покрај забраните за групирања и организирање масовни настани како мерка против коронавирусот, се обидоа да го организираат традиционалниот Вевчански карневал. При нивниот обид да го организираат дефилето под маски, интевенираше полицијата и ги спречи во намерата.

Општина Вевчани објави дека се откажува од организирање на концертите на 12-ти и 13-ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Од организација на Вевчанскиот карневал се откажаа и неколку групи кои беа дел од организацијата, како Горна и Долна Маала.

На влезот во селото и на повеќе локации низ местото има полициски сили кои го обезбедуваат почитувањето на анти-корона мерките. Во обидот да се организира карневалското дефиле учествувале 100-тина маскирани луѓе, главно со маски поврзани со најактуелните настани - пандемијата и вакцините и бугарското вето за Македонија за почеток на преговорите со Европската унија.

Вевчанскиот карневал, што до сега секоја година се одржува на Василица во Вевчани, има повеќе-вековна традиција и е дел од светската мапа на карневали.