Гир: Враќањето на довербата во судството е прв приоритет

Eвроамбасадорот Дејвид Гир

Евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир, денеска изјави дека враќањето на јавната доверба во судството е приоритет број еден и тука треба да дадат заложби сите засегнати страни.

„Функционален правосуден систем е фундаментален процес за секоја земја којашто сака просперитет, напредок, а владеењето на правото и функционирањето на правосудството треба да биде во основата на таа политика“, изјави Гир на денешната онлајн презентација на проектот „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“, што ја презентираа заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ.

Гир посочи дека покажувањето силна политичка волја и заложби при справување на недостатоци во правосудниот систем, се значајни за напредок во процесот на пристапување во Европската Унија.