За 24 часа во Македонија 395 пријави за неносење маска за лице

Илустрација - Граѓанин со заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 395 прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19. Казната за непочитување на мерката за носење лична заштита на лице изнесува 20 евра.