Брнабиќ - До крајот на јануари Србија ќе има два милиона вакцини

Српската премерка Ана Брнабиќ се вакцинираше против ковид-19.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека Србија ќе има два милиона вакцини до крајот на јануари, од различни производители, вклучувајќи ги и количините што пристигнаа на крајот на декември.

Таа рече дека дополнителни 1,3 до 1,5 милиони дози вакцини се очекуваат во февруари.

„Се надевам дека до мај, јуни ќе можеме да ја завршиме вакцинацијата. Ако успееме, ќе бидеме една од првите земји што ќе го сториме тоа во Европа“, рече Брнабиќ.

Таа повтори дека Србија во моментов има договор за осум милиони вакцини од различни производители, што е доволно за вакцинирање на четири милиони луѓе, наведувајќи дека властите рано ги започнале преговорите. Таа рече дека до синоќа се вакцинирани 9300 луѓе и дека утре во земјата пристигнуваат уште 18500 вакцини од Фајзер