Врнежливо време, од задутре и заладување

Времето денеска во земјата ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во северните и северозападните делови каде локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Дневната температура ќе се движи од 5 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде облачно со пообилни, повремено поројни врнежи од дожд, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Облачно време со врнежи од дожд на места пообилни и поројни, проследени со засилен ветер, ќе се задржи и утре Поради продор на постудена воздушна маса од север од вторник се очекува заладување со врнежи од снег на планините, а на некои повисоки места врнежи од дожд и снег.