Разговорите меѓу Турција и Франција за нормализирање на врските одат добро

турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу

Турција и Франција работат на патоказ за нормализирање на врските и разговорите одат добро, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека Анкара е подготвена да ги подобри врските со својот сојузник во НАТО, ако Париз ја покаже истата подготвеност. Турција во повеќе наврати ја критикуваше Франција заради политиките во Сирија, Либија, источен Медитеран и Нагорно Карабах, како и за објавување на карикатури на пророкот Мухамед во Франција.

Франција побара од ЕУ санкции за Турција

Париз пак ја водеше кампањата за построги санкции на ЕУ кон Турција. Говорејќи на прес-конференција во Лисабон, Чавушоглу рече дека сегашните тензии меѓу Анкара и Франција произлегуваат од тоа што Париз е „категорично“ против Турција на неколку фронта.