Лидерите на демократите во Конгресот на САД побараа отповикување на Трамп

Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси

Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси од Демократската партија побара итно отповикување на Трамп. Таа побара веднаш да биде применет 25-тиот уставен амандман, кој им овозможува на потпретседателот и мнозинството во претседателскиот кабинет да го прогласат шефот на државата за „неспособен“ за понатамошно извршување на неговата функција и да го отстрани од власта.

Потврдена победата на Бајден на изборите во САД

Лидерот на демократите во Чак Шумер го повика потпретседателот во заминување Мајк Пенс да го отстрани Доналд Трамп по насилството на приврзаниците на Трамп во Конгресот. „Она што се случи во Капитол Хил беше бунт против Соединетите држави, кој беше поттикнат од претседателот“, изјави Шумер. Тој додаде дека ако Пенс одбие, тогаш Конгресот треба да поведе постапка за отповикување. „Овој претседател не треба да остане на функцијата уште еден ден“, рече Шумер.