Хирург од Кочани починал од компликации од ковид-19

Триесет и деветгодишниот абдоминален хирург Ненад Панов од Кочани починал како последица од ковид-19. Панов ја загубил тринеделната битка со болеста на една од приватните клиники во Скопје.

„Со голема тага ја примивме трагичната вест за ненадоместливата загуба на нашиот пријател Нено, кого ќе го паметиме како насмеан и ведар лик, подготвен секогаш да помогне“, напишаа на социјалните мрежи неговите колеги од спортско-риболовното здружение од Кочани, во кое тој бил активен член.

Панов зад себе оставил две малолетни деца, а граѓаните на Кочани се солидаризирале во прибирањето финансиска помош за неговото лекување