Хрватскиот министер за здравство Вили Берош изјави денеска дека повеќе од 20.000 луѓе се вакцинирани против коронавирусот во земјата, вклучувајќи 37 проценти од здравствените работници и 56 проценти од корисниците на домови за стари лица. Според него, Хрватска во моментов е петта земја во ЕУ и 12-та во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители.
Тој притоа ги повика граѓаните да се вакцинираат. Берош истакна и дека земјата резервирала 715.970 почетни и 284.000 дополнителни дози од вакцината на „Модерна“.