Бајден го потврди изборот на Гарланд за државен обвинител на САД

Мерик Гарланд

Избраниот претседател на САД, Џо Бајден денеска потврди дека ќе го номинира Мерик Гарланд за следен државен обвинител. Гарланд во март 2016 година беше номиниран од тогашниот претседател Барак Обама за ослободеното место во Врховниот суд на САД по смртта на судијата Антонин Скалија.

Но, републиканците во Сенатот ја блокираа неговата номинација осум месеци со што се остави простор на претседателот Доналд Трамп да го пополни испразнетото место со Нил Горсуч во 2017 година.

Гарланд, кој има 68 години, не е поврзан со ниту една политичка партија и има долга кариера како адвокат и обвинител. Во 1993 година, тој беше именуван за заменик помошник јавен обвинител во Министерството за правда. Тој раководеше со важни случаи за национална безбедност, вклучувајќи ги и бомбашките напади на Олимписките игри во Оклахома Сити и Атланта.

Во 1997 година, претседателот Бил Клинтон го именуваше Гарланд за судија во федералниот Апелационен суд во Вашингтон. Тој тогаш доби широка поддршка и од демократските и од републиканските сенатори. Тој во 2013 година стана главен судија на Апелациониот суд.