Трамп ветува уредна транзиција на власта

Доналд Трамп

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп порача дека иако не се согласува со изборниот резултат ќе има уредна транзиција на власта на Џо Бајден на 20 јануари откако неговите приврзаници вчера упаднаа во Конгресот додека се вршеше верификацијата на гласовите од претседателските избори на 3 ноември, минатата година. Изјавата на Трамп беше пренесена на Твитер од неговиот советник Ден Скавино.

Профилот на Трамп на социјалната мрежа е блoкиран на 12 часа. Трамп порачува и дека ќе ја продолжи борбата за, како шо наведува „да се осигура дека само легалните гласови биле избројани“.

„Додека ова претставува крај на најдобриот прв мандат во претседателската историја, тоа е само почетокот на нашата борба за да ја направиме Америка повторно најдобра“, се наведува во објавата на Твитер.

Изјавата на Трамп следи по пребројувањето на гласовите на Изборниот колеџ на заедничка седница со Конгресот на САД со кои се потврди дека демократот Бајден е официјален победник на претседателските избори. Новоизбраниот претседател Бајден и за новоизбраниот потпретседател Камала Харис ќе бидат инаугурирани на 20 јануари.

Бајден заврши со 306 гласа на Изборниот колеџ, наспроти 232 гласа за Трамп. Приврзаници на Трамп претходно упаднаа во зградата на Конгресот, при што 4 лица го загубија животот за време на нередите.

Видео од случувањата во Капитол Хил, 6 јануари 2021