Опасност од уривање на зградите во Петриња

Оштетена зграда од земјотресот во Петриња.

Хрватската полиција не пушта никого во Петриња поради опасност од уривање на зградите што беа оштетени во земјотресот во декември. Градот вчера повторно го погоди земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала.

„Опасноста за секој човек е голема и мораме да ги дислоцираме од строгиот центар на градот“, истакна градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, додавајќи дека не исклучува евакуација на населението.

Во разорниот земјотрес од 6,2 степени според Рихтеровата скала на 29 декември, минатата година животот го загубија седум лица, а над 20 беа повредени..