Во аферата „Икона“, обвинителството на БиХ ќе ги испита сите членови на Претседателството

Претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, му подари на министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров 300-годишна позлатена икона, пронајдена во Луганск

Обвинителството на Босна и Херцеговина објави дека сите членови на Претседателството на БиХ ќе бидат испрашувани како дел од истрагата за аферата „Икона“. „Сите лица кои учествувале во организирањето на оваа посета, како и сите три члена на Претседателството на БиХ, и поради можни пропусти и настани што го нарушија угледот на Босна и Херцеговина “, објави Обвинителството на БиХ кое започна истрага откако Украина објави дека иконата од Луганск, која претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина му ја подари на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на неговата посета на Босна и Херцеговина, е државна сопственост на Украина.

Русија ќе ја врати иконата подарена на Лавров

Обвинителството изјави дека во рамките на овој случај се вршат дејствија и активности, како и барања и собирање документација преку меѓународна правна помош. Откако избувна скандалот поврзан со иконата, шефот на руската дипломатијата Сергеј Лавров ја врати иконата во Амбасадата на Босна и Херцеговина во Москва и побара Интерпол да биде вклучен во целиот случај.