Православните христијани денеска го слават големиот празник Рождество Христово – Божик. Пандемијата на коронавирусот придонесе годинава празникот во црквите да се одбележува во ограничен број и со почитување на заштитни мерки и протоколи. Архипископот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан во неговата порака по повод Божиќ наведе дека токму пандемијата покажала колку човекот е немоќен. Од владата апелираа да се почитуваат рестриктивните мерки и препораки за да се избегне зголемувањето на бројот на заболени од ковидД-19.
Честитка од Пендаровски за Божик
Притоа се потсетува дека до 20-ти јануари постои ограничување на работното време на угостителските објекти, до 18:00 часот. Во сила е и забраната за организирање прослави на отворен и затворен простор, за сите граѓани, за општините, работните организации, како и забрана за работа после 21:00 часот на рестораните во хотелските објекти. Забрането е собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден. Поради пандемијата, годинава изостана вообичаеното масовно одбележување на Бадник пред Соборниот храм, а не се одржаа ниту традиционалните детски бадникови поворки