Вкупно 873 пациенти се лекуваат во ковид центрите низ државата

Клиника за инфективни болести во Скопје.

Вкупно 873 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град Скопје и во болниците низ земјава, а во ковид центрите има околу 450 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Од институцијата посочуваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 527 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерството за здравство.

Во моментов во земјава има има 18.046 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, откако здравствените власти во изминатите 24 часа регистрираа 580 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.431 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 84.709.

Починати се 9 пациент во изминатото деноноќие, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 2.559 лица. Институот за јавно здравје во истиот период регистрираше 572 оздравени пациенти.